па 1
Значење на па:
1. За поврзување еднакви делови, зборовни состави или дејства што се надоврзуваат или следуваат едно по друго; и, та. Ја извади шамијата од глава, па фати да реди. Погледна во насобраните, па почна да брои.
2. За засилување на исказот. а) Заедно со други сврзници: и, дури, ако и сл. Јас ќе одам, па ако сака нека ме избрка. Тој ќе бара простување, па и да не го добие, ќе биде мирен. Јас ќе ја побарам, па дури и цел свет да го минам. б) Со лексички конкретизатори, заедно со: сепак, притоа, кон тоа, уште. Утрото е далеку, па сепак ќе се издржи. Не се вознемирувај, па уште не дошле гостите.
Оригинални податоци:
па1 сврз. 1. За поврзување еднакви делови, зборовни состави или дејства што се надоврзуваат или следуваат едно по друго; сп. и, та. Ја извади шамијата од глава, па фати да реди. Погледна во насобраните, па почна да брои. 2. За засилување на исказот. а) Заедно со други сврзници: и, дури, ако и сл. Јас ќе одам, па ако сака нека ме избрка. Тој ќе бара простување, па и да не го добие, ќе биде мирен. Јас ќе ја побарам, па дури и цел свет да го минам. б) Со лексички конкретизатори, заедно со: сепак, притоа, кон тоа, уште. Утрото е далеку, па сепак ќе се издржи. Не се вознемирувај, па уште не дошле гостите.