пад

Именка, машки род

Значење на пад:

1. а) Движење одгоре надолу кон земјата под дејство на сопствената тежина, паѓање. Падот на авионот се случил во водите на океанот. Падот на стаклената чаша го исплаши детето. б) Паѓање поради губење рамнотежа, при трчање и сл. Се струполи човекот, писок и извик го проследија падот.

2. Спуштање, наклон, разлика во височината (на пат, река, површина и сл.). Падот на водата од планинскиот поток беше многу голем. Уличката има стрмен пад.

3. За цена, температура и сл. ‒ намалување на вредноста на нешто, снижување. Падот на цената на нафтата се одрази на цената на бензинот. Големиот пад на температурата ќе го намали родот на овошките.

4. (прен.) Морално пропаѓање, губење план, надеж, желба. Човек може да доживее секаков пад во животот. Тешки искушенија и падови.

Множина: падови.

Оригинални податоци:

пад, мн. падови м. 1. а) Движење одгоре надолу кон земјата под дејство на сопствената тежина, паѓање. Падот на авионот се случил во водите на океанот. Падот на стаклената чаша го исплаши детето. б) Паѓање поради губење рамнотежа, при трчање и сл. Се струполи човекот, писок и извик го проследија падот. 2. Спуштање, наклон, разлика во височината (на пат, река, површина и сл.). Падот на водата од планинскиот поток беше многу голем. Уличката има стрмен пад. 3. За цена, температура и сл. ‒ намалување на вредноста на нешто, снижување. Падот на цената на нафтата се одрази на цената на бензинот. Големиот пад на температурата ќе го намали родот на овошките. 4. (прен.) Морално пропаѓање, губење план, надеж, желба. Човек може да доживее секаков пад во животот. Тешки искушенија и падови.