падина

Именка, женски род

Значење на падина:

1. Површина или страна од ритче или од планина што има благ пад, наклон. Зелена падина. Благи падини на планините. Стада овци пасеа по падините.

2. Плитка долинка меѓу два брега. Низ една падина жубореше поточе.

Множина: падини.

Изведени зборови:

  • падинка, и. ж. дем.

Оригинални податоци:

падина, мн. падини ж. 1. Површина или страна од ритче или од планина што има благ пад, наклон. Зелена падина. Благи падини на планините. Стада овци пасеа по падините. 2. Плитка долинка меѓу два брега. Низ една падина жубореше поточе. ‖ падинка, мн. падинки ж. дем.