падне
Значење на падне:
1. Изгуби потпора, рамнотежа и, повлечен од сопствената тежина, се струполи, се урне наземи од високо или од положбата во која стои. Алпинистот падна од десетина метри височина. Тој изгуби рамнотежа и падна од гредата. Јунецот се сопна и падна. Ако не ја поправи, куќата ќе падне.
2. Турне некого или нешто, направи да падне. Не трчајте, ќе го паднеш детето. Кој ја паднал саксијава? 3. За атмосферски талози ‒ заврне, се спушти, се појави на земјата (дожд, снег, магла и др.). Во селото падна многу дожд. Колкав снег падна, а и уште врне! Паднаа првите мразеви. Магла падна по полето. 4. За светлосни појави (светлина, мрак, сенка и сл.) ‒ се спушти, се рашири. Светлина падна во собата. Падна мрак.
3. а) Отпадне, се оддели од целината. Паднал малтер од ѕидот. Паднало копчето од палтото. б) Отпадне, испадне по природен процес (лисје; коса, заб; пердуви и др.). Од јаболкницата падна последниот пожолтен лист. Сета коса му паднала. И тој заб ќе ти падне.
4. Се спушти, висне надолу (нешто некому). Косите ѝ паднаа на рамена. Му падна перче на челото. Рацете ми паднаа долж колковите. Тој не спиеше, само клепките му паднаа над очите. Главата уморно ѝ падна.
5. (прен.) Загине во војна, изгуби живот. Падна херојски во нерамна борба. Тие паднаа за слобода на татковината.
6. Биде победен, освоен. Македонија падна под турска власт.
7. За поглед, очи ‒ впери, насочи. Погледот му падна врз нејзиното лице. Очите му паднаа на една трошна куќарка.
8. Се случи да биде (за празник, некој настан и сл.) во определен ден. Годинава Илинден падна во недела. Денот на свадбата падна на Прочка. 1Се снижи, се намали цената, вредноста, нивото, интензитетот и сл. на нешто. Падна цената на нафтата. Индустриското производство падна за триесет проценти. Температурата падна под нулата. 12. Се најде, попадне некаде. Тој падна во најсилната група. Двајцата паднавме во исто одделение. 13. Обично со предлогот в, во ‒ се најде во некаква состојба и сл. За жал, таа повторно падна во тешка ситуација. Тој падна во голема неволја. Стори бап и падна во несвест. Се свртев на другата страна и одеднаш паднав во мешаница. 14. безл. му (ми, ти ...) Добие некакво расположение. Му падна мака. Ми падна жал за сирачињата. Беше добра девојка, му падна грев за неа. 15. Во состави со некои именки наспрема кои има синонимен глагол. На состанокот падна збор за изборот на новиот директор. Падне збор. Падне предлог. Падне одлука. Падне заповед. 16. Добие, прими (при делба, распределба на лотарија и сл.). Ќе паднат пари од мајка ми. Секому паднаа по три лири. Нему му падна премија. 17. За птица, инсект ‒ прекине лет, слета. По некој месец штрковите ќе паднат на оџаците. Пеперутката падна на цветот. Тие не брчат, не касаат, само ќе паднат и ќе се залепат на масата со ронки. 18. За влада, режим и сл. ‒ се расформира, престане да постои. Падна владата на демократите. Ќе падне власта и тој пак ќе се снајде. 19. За работа, задача, одговорност и сл. ‒ остане, легне врз некого. Сета работа падна врз него. 20. (разг.) Се случи, се добие нешто при некои околности. Ако се собереме, ќе падне добра забава. Падна богато јадење, пиење.
Коњугација: , (ќе) паднеа , (ќе) паднев , (ќе) паднел , паднаа , паднав , паднал , паднат , паднат , паднете , падни .
Изведени зборови:
- паднува, глаг. повт. паднуваат
- паднување, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Падне (тешко) болен во постела ‒ се разболе многу. Влакно нема да му падне ‒ ништо непријатно, лошо нема да му се случи. Падне во вода ‒ пропадне, не се оствари (план, ветување и сл.). Му (ми, ти...) падне на врат (на грб) ‒ му остави, му префрли грижа некому. Падне глава ‒ загине. Падне во домаќинска куќа ‒ се омажи, се одоми убаво. Да (го) дувнеш, ќе падне ‒ многу е сув, слаб. Паднавме на зборот ‒- кога веќе зборуваме за тоа. Му (ми, ти...) падне камен од срце ‒ му олесни на душата. Падне на колена/коленици ‒ клекне да замоли нешто; се покори, моли за милост. Падне од коњ на магаре ‒ изгуби богатство, углед. Крв ќе падне ‒ ќе дојде до жесток судир, до тепачка, до крвопролевање. Не паднал на мајстор ‒ сè си дозволува зашто не нашол некој што ќе му се противстави. Му (ми, ти...) падне магла / мрак на (пред) очи ‒ му се замагли видот, му се стемни пред очи. Како да паднал од небо / од Марс ‒ ништо не разбира, се однесува изгубено. Падне в очи ‒ е забележан, привлече внимание. Падне на памет/ум некому ‒ се сети. Падне на питачки стап ‒ се доведе во многу бедна состојба. Не дава прав да падне на него ‒ премногу се грижи за некого. Падне в раце (некому) ‒ дојде под нечија власт, стане зависен од некого. Падне во ропство/заробеништво ‒ е заробен. Падне ред на него (на некого) ‒ тој е на ред за нешто, за вршење некоја работа. Му (ми, ти...) падне секирата во медот ‒ се усреќи, најде добра живејачка.
Оригинални податоци:
падне, паднат; падни, паднете; паднав, паднаа; паднал; паднат; (ќе) паднев, (ќе) паднеа; (ќе) паднел; св. 1. Изгуби потпора, рамнотежа и, повлечен од сопствената тежина, се струполи, се урне наземи од високо или од положбата во која стои. Алпинистот падна од десетина метри височина. Тој изгуби рамнотежа и падна од гредата. Јунецот се сопна и падна. Ако не ја поправи, куќата ќе падне. 2. Турне некого или нешто, направи да падне. Не трчајте, ќе го паднеш детето. Кој ја паднал саксијава? 3. За атмосферски талози ‒ заврне, се спушти, се појави на земјата (дожд, снег, магла и др.). Во селото падна многу дожд. Колкав снег падна, а и уште врне! Паднаа првите мразеви. Магла падна по полето. 4. За светлосни појави (светлина, мрак, сенка и сл.) ‒ се спушти, се рашири. Светлина падна во собата. Падна мрак. 5. а) Отпадне, се оддели од целината. Паднал малтер од ѕидот. Паднало копчето од палтото. б) Отпадне, испадне по природен процес (лисје; коса, заб; пердуви и др.). Од јаболкницата падна последниот пожолтен лист. Сета коса му паднала. И тој заб ќе ти падне. 6. Се спушти, висне надолу (нешто некому). Косите ѝ паднаа на рамена. Му падна перче на челото. Рацете ми паднаа долж колковите. Тој не спиеше, само клепките му паднаа над очите. Главата уморно ѝ падна. 7. (прен.) Загине во војна, изгуби живот. Падна херојски во нерамна борба. Тие паднаа за слобода на татковината. 8. Биде победен, освоен. Македонија падна под турска власт. 9. За поглед, очи ‒ впери, насочи. Погледот му падна врз нејзиното лице. Очите му паднаа на една трошна куќарка. 10. Се случи да биде (за празник, некој настан и сл.) во определен ден. Годинава Илинден падна во недела. Денот на свадбата падна на Прочка. 11. Се снижи, се намали цената, вредноста, нивото, интензитетот и сл. на нешто. Падна цената на нафтата. Индустриското производство падна за триесет проценти. Температурата падна под нулата. 12. Се најде, попадне некаде. Тој падна во најсилната група. Двајцата паднавме во исто одделение. 13. Обично со предлогот в, во ‒ се најде во некаква состојба и сл. За жал, таа повторно падна во тешка ситуација. Тој падна во голема неволја. Стори бап и падна во несвест. Се свртев на другата страна и одеднаш паднав во мешаница. 14. безл. му (ми, ти ...) Добие некакво расположение. Му падна мака. Ми падна жал за сирачињата. Беше добра девојка, му падна грев за неа. 15. Во состави со некои именки наспрема кои има синонимен глагол. На состанокот падна збор за изборот на новиот директор. Падне збор. Падне предлог. Падне одлука. Падне заповед. 16. Добие, прими (при делба, распределба на лотарија и сл.). Ќе паднат пари од мајка ми. Секому паднаа по три лири. Нему му падна премија. 17. За птица, инсект ‒ прекине лет, слета. По некој месец штрковите ќе паднат на оџаците. Пеперутката падна на цветот. Тие не брчат, не касаат, само ќе паднат и ќе се залепат на масата со ронки. 18. За влада, режим и сл. ‒ се расформира, престане да постои. Падна владата на демократите. Ќе падне власта и тој пак ќе се снајде. 19. За работа, задача, одговорност и сл. ‒ остане, легне врз некого. Сета работа падна врз него. 20. (разг.) Се случи, се добие нешто при некои околности. Ако се собереме, ќе падне добра забава. Падна богато јадење, пиење. ◊ Падне (тешко) болен во постела ‒ се разболе многу. Влакно нема да му падне ‒ ништо непријатно, лошо нема да му се случи. Падне во вода ‒ пропадне, не се оствари (план, ветување и сл.). Му (ми, ти...) падне на врат (на грб) ‒ му остави, му префрли грижа некому. Падне глава ‒ загине. Падне во домаќинска куќа ‒ се омажи, се одоми убаво. Да (го) дувнеш, ќе падне ‒ многу е сув, слаб. Паднавме на зборот ‒- кога веќе зборуваме за тоа. Му (ми, ти...) падне камен од срце ‒ му олесни на душата. Падне на колена/коленици ‒ клекне да замоли нешто; се покори, моли за милост. Падне од коњ на магаре ‒ изгуби богатство, углед. Крв ќе падне ‒ ќе дојде до жесток судир, до тепачка, до крвопролевање. Не паднал на мајстор ‒ сè си дозволува зашто не нашол некој што ќе му се противстави. Му (ми, ти...) падне магла / мрак на (пред) очи ‒ му се замагли видот, му се стемни пред очи. Како да паднал од небо / од Марс ‒ ништо не разбира, се однесува изгубено. Падне в очи ‒ е забележан, привлече внимание. Падне на памет/ум некому ‒ се сети. Падне на питачки стап ‒ се доведе во многу бедна состојба. Не дава прав да падне на него ‒ премногу се грижи за некого. Падне в раце (некому) ‒ дојде под нечија власт, стане зависен од некого. Падне во ропство/заробеништво ‒ е заробен. Падне ред на него (на некого) ‒ тој е на ред за нешто, за вршење некоја работа. Му (ми, ти...) падне секирата во медот ‒ се усреќи, најде добра живејачка. ‖ паднува, паднуваат повт. ‖ глаг. им. паднување ср.