падобранец

Именка, машки род

Значење на падобранец:

1. Тој што се спушта со падобран; војник што се спушта со падобран заради напад во непријателската заднина. Скок на падобранец. Германците пуштија падобранци.

2. Спортист во падобранството. Тој е најдобар падобранец во клубот.

3. (прен., разг.) Тој што не чека во редот, што влегува некаде преку ред, отстрана. Падобранците завршија работа, ние уште ќе чекаме.

4. (кул.) Вид колаче, со тесто како подлога, прекриена со крем во форма на падобран и со чоколадна глазура одозгора.

Множина: падобранци.

Изведени зборови:

  • падобранка, и. ж. кон зн. 1
  • падобрански, прид. падобранскиот Падобрански курс. Падобрански десант.

Оригинални податоци:

падобранец, мн. падобранци м. 1. Тој што се спушта со падобран; војник што се спушта со падобран заради напад во непријателската заднина. Скок на падобранец. Германците пуштија падобранци. 2. Спортист во падобранството. Тој е најдобар падобранец во клубот. 3. (прен., разг.) Тој што не чека во редот, што влегува некаде преку ред, отстрана. Падобранците завршија работа, ние уште ќе чекаме. 4. (кул.) Вид колаче, со тесто како подлога, прекриена со крем во форма на падобран и со чоколадна глазура одозгора. ‖ падобранка, мн. падобранки ж. кон зн. 1 ‖ падобрански, падобранскиот прид. Падобрански курс. Падобрански десант.