паѓа

Глагол, несвршен

Значење на паѓа:

1. падне.

2. Е во роднинска врска со некого. Татко му мене ми паѓа прв братучед.

Коњугација: паѓаат.

Изведени зборови:

  • паѓање, глаг. им. ср. паѓање сп. падне кон зн. 1‒5, 8, 11, 13, 18.

Фразеолошки израз / поговорка:

Мачка не паѓа на грб ‒ не ја признава вината, грешката. Круша под круша паѓа ‒ какви родители, такви деца. Паѓа од грешка во грешка ‒ не се учи на грешките, непоправлив е.

Оригинални податоци:

паѓа, паѓаат несв. 1. сп. падне. 2. Е во роднинска врска со некого. Татко му мене ми паѓа прв братучед. ◊ Мачка не паѓа на грб ‒ не ја признава вината, грешката. Круша под круша паѓа ‒ какви родители, такви деца. Паѓа од грешка во грешка ‒ не се учи на грешките, непоправлив е. ‖ глаг. им. паѓање ср. сп. падне кон зн. 1‒5, 8, 11, 13, 18.