пајак
Значење на пајак:
1. (зоол.) Вид бескрилен инсект со стомачна жлезда што лачи тенки нишки секрет, пајажина, којашто му служи за лов или засолниште; Araeae. Пајакот сплете мрежа. Се плаши од пајаци.
2. (прен.) Тој што искористува некого; експлоататор. Ти си пајак, ми ја пиеш крвта со години.
3. (прен., разг.) Возило со дигалка за отстранување автомобили паркирани на недозволено место.
Множина: пајаци.
Изведени зборови:
- пајаче, и. ср. дем.
Фразеолошки израз / поговорка:
Крстатен пајак ‒ Epeira diadema. Домашен пајак ‒ Tegenaria domestica.
Оригинални податоци:
пајак, мн. пајаци м. 1. (зоол.) Вид бескрилен инсект со стомачна жлезда што лачи тенки нишки секрет, пајажина, којашто му служи за лов или засолниште; Araeae. Пајакот сплете мрежа. Се плаши од пајаци. 2. (прен.) Тој што искористува некого; експлоататор. Ти си пајак, ми ја пиеш крвта со години. 3. (прен., разг.) Возило со дигалка за отстранување автомобили паркирани на недозволено место. ◊ Крстатен пајак ‒ Epeira diadema. Домашен пајак ‒ Tegenaria domestica. ‖ пајаче, мн. пајачиња ср. дем.