пакет

Именка, машки род

Значење на пакет:

Еден или повеќе предмети завиткани во хартија, картон и др.; поштенска пратка. Мал пакет завиткан во шарена хартија, врзан со црвена панделка. Пакет кибрити. Имаше тутун во пакети и во кутија. Курирот однесе пакети книги во пошта.

Множина: пакета, пакети.

Фразеолошки израз / поговорка:

Пакет-аранжман ‒ аранжман за патување во кој влегува цената за патување, сместување и престој. Пакет-мерки/закони ‒ (админ.) мерки или закони, одлуки и сл. што се донесуваат истовремено и се спроведуваат заедно заради некоја заедничка цел.

Оригинални податоци:

пакет мн. пакети, избр. мн. пакета м. Еден или повеќе предмети завиткани во хартија, картон и др.; поштенска пратка. Мал пакет завиткан во шарена хартија, врзан со црвена панделка. Пакет кибрити. Имаше тутун во пакети и во кутија. Курирот однесе пакети книги во пошта. ◊ Пакет-аранжман ‒ аранжман за патување во кој влегува цената за патување, сместување и престој. Пакет-мерки/закони ‒ (админ.) мерки или закони, одлуки и сл. што се донесуваат истовремено и се спроведуваат заедно заради некоја заедничка цел.