пакосник
Значење на пакосник:
1. Тој што е пакосен; штетник. Пакосникот ги изгризал ноќвите.
2. Немирник, мангуп. Не ме пушти пакосникот да минам без да ме задре.
3. Зол човек; злобник. Клет пакосник. Многу непријатели и пакосници имаше околу него.
Множина: пакосници.
Изведени зборови:
- пакосница, и. ж. кон. зн. 1 и 3.
- пакоснички, прид. пакосничкиот кон зн. 1 и 3.
Оригинални податоци:
пакосник, мн. пакосници м. 1. Тој што е пакосен; штетник. Пакосникот ги изгризал ноќвите. 2. Немирник, мангуп. Не ме пушти пакосникот да минам без да ме задре. 3. Зол човек; злобник. Клет пакосник. Многу непријатели и пакосници имаше околу него. ‖ пакосница, мн. пакосници ж. кон. зн. 1 и 3. ‖ пакоснички, пакосничкиот прид. кон зн. 1 и 3.