пакува
Значење на пакува:
1. Прави пакет; смести во амбалажа. Работниците ги пакуваа отпечатените книги. Девојчето пакуваше роденденски подарок. Машината ги пакува цигарите брзо и квалитетно.
2. Собира, подредува потребни работи што се носат при патување. Туристите ги пакуваа куферите.
3. (разг.) За карти ‒ подредува една врз друга.
Коњугација: пакуваат.
Изведени зборови:
- пакување, глаг. им. ср.
- се ~ пакува, 1. Се подготвува за одење, за патување. 2. Си оди, напушта работа, служба против своја волја.
Оригинални податоци:
пакува, пакуваат несв. 1. Прави пакет; смести во амбалажа. Работниците ги пакуваа отпечатените книги. Девојчето пакуваше роденденски подарок. Машината ги пакува цигарите брзо и квалитетно. 2. Собира, подредува потребни работи што се носат при патување. Туристите ги пакуваа куферите. 3. (разг.) За карти ‒ подредува една врз друга. ● се ~ 1. Се подготвува за одење, за патување. 2. Си оди, напушта работа, служба против своја волја. ‖ глаг. им. пакување ср.