палав
Значење на палав:
1. Немирен, бесен. Палаво дете. Палави години.
2. (поет.) За вода, ветер и др. – брз, разигран. Палава река. Палаво ветре. Палав чекор.
Членувана форма: палавиот.
Изведени зборови:
- палаво, прил. Детето играше палаво. Планинските води скокаат палаво од камен на камен.
- палавост, и. ж.
Оригинални податоци:
палав, палавиот прид. 1. Немирен, бесен. Палаво дете. Палави години. 2. (поет.) За вода, ветер и др. – брз, разигран. Палава река. Палаво ветре. Палав чекор. ‖ палаво прил. Детето играше палаво. Планинските води скокаат палаво од камен на камен. ‖ палавост ж.