пали

Глагол, несвршен

Значење на пали:

1. Прави нешто да гори. Коледарите палеа оган.Тој трипати палеше чкорче во темницата. Мајсторот палеше нова цигара.Тој го палеше лулето со гламја од огништето.

2. Уништува со опожарување. Лете ја палеа шумата.Разбојниците палеа куќи и имоти.

3. Прави нешто да гори, да свети. Секоја вечер, мајката пред икона палеше кандило. Рано ја палиш ноќната ламба.

4. Прави оган во нешто за затоплување. Наутро ја пали печката на дрва за да подготви чај.

5. Пушта мотор во дејство. Дрвосечачот го пали моторот и почнува со сечење. Тој го пали мотоциклот и заминува без да се јави.

6. (воен.) Како изв. пали! ‒ команда за отворање оган, за стрелба (од пушка, топ); пукај, стрелај. Нишани горе, пали! Палете ги топовите! 7. За сонце и др. ‒ развива жештина, жеже, пече. Сонцето пали и жари. 8. Предизвикува некому чувство на силна топлина, пече. Ме пали ракијата во грлото. По образите ја палеше руменило.

7. (разг.) За пиперка ‒ предизвикува силно надразливо чувство по вкус; лути многу. Пиперкава пали, не се јаде.

8. (прен.) Воодушевува, возбудува. Ги пали срцата со својата песна.

Коњугација: палат.

Изведени зборови:

  • се ~ пали, 1. Се појавува испуштајќи светлина, почнува да свети. На небото се палат првите ѕвезди. Се палат уличните светилки. 2. Силно се воодушевува, се возбудува. Бргу се пали. Неговиот ум се пали од патриотски занес.

Фразеолошки израз / поговорка:

Тој пали, тој гаси ‒ има голема моќ; Кој се фали, (тој) не пали ‒ кучето што лае, не каса. Нека му (ми, ти...) пали кандило ‒ нека му биде вечно благодарен за направеното добро.

Оригинални податоци:

пали, палат несв. 1. Прави нешто да гори. Коледарите палеа оган.Тој трипати палеше чкорче во темницата. Мајсторот палеше нова цигара.Тој го палеше лулето со гламја од огништето. 2. Уништува со опожарување. Лете ја палеа шумата.Разбојниците палеа куќи и имоти. 3. Прави нешто да гори, да свети. Секоја вечер, мајката пред икона палеше кандило. Рано ја палиш ноќната ламба. 4. Прави оган во нешто за затоплување. Наутро ја пали печката на дрва за да подготви чај. 5. Пушта мотор во дејство. Дрвосечачот го пали моторот и почнува со сечење. Тој го пали мотоциклот и заминува без да се јави. 6. (воен.) Како изв. пали! ‒ команда за отворање оган, за стрелба (од пушка, топ); пукај, стрелај. Нишани горе, пали! Палете ги топовите! 7. За сонце и др. ‒ развива жештина, жеже, пече. Сонцето пали и жари. 8. Предизвикува некому чувство на силна топлина, пече. Ме пали ракијата во грлото. По образите ја палеше руменило. 9. (разг.) За пиперка ‒ предизвикува силно надразливо чувство по вкус; лути многу. Пиперкава пали, не се јаде. 10. (прен.) Воодушевува, возбудува. Ги пали срцата со својата песна. ● се ~ 1. Се појавува испуштајќи светлина, почнува да свети. На небото се палат првите ѕвезди. Се палат уличните светилки. 2. Силно се воодушевува, се возбудува. Бргу се пали. Неговиот ум се пали од патриотски занес. ◊ Тој пали, тој гаси ‒ има голема моќ; Кој се фали, (тој) не пали ‒ кучето што лае, не каса. Нека му (ми, ти...) пали кандило ‒ нека му биде вечно благодарен за направеното добро.