палка

Именка, женски род

Значење на палка:

Прачка, стап, според намената, различна по должина, дебелина и изработка. Дрвена палка. Тапанарот удри со палката. Тој со палка покажуваше на деталите од фреските.

Множина: палки.

Фразеолошки израз / поговорка:

Диригентска палка ‒ стапче со кое диригентот управува со хор или оркестар при изведување на музичко дело. Полициска палка ‒ куса, дебела гумена прачка со која се служи полицијата при судир со демонстранти и сл.; пендрек. Штафетна палка ‒ (спорт.) кус предмет што се предава од еден на друг во штафета.

Оригинални податоци:

палка, мн. палки ж. Прачка, стап, според намената, различна по должина, дебелина и изработка. Дрвена палка. Тапанарот удри со палката. Тој со палка покажуваше на деталите од фреските. ◊ Диригентска палка ‒ стапче со кое диригентот управува со хор или оркестар при изведување на музичко дело. Полициска палка ‒ куса, дебела гумена прачка со која се служи полицијата при судир со демонстранти и сл.; пендрек. Штафетна палка ‒ (спорт.) кус предмет што се предава од еден на друг во штафета.