памет
Само во еднина.
Значење на памет:
1. Способност на човекот да ги спознава и да ги репродуцира во свеста претходно применети впечатоци; ум, разум. Тоа што ни гледаат очите се запишува и се запечатува во нашата памет. Дете е уште, ќе му дојде паметот.
2. Совет, поука, искуство. Од него памет не барам. Ова ќе му биде за памет.
3. (ретко) Спомен, сеќавање; памјат. Спомени тешки во памет ми летаат.
Членувана форма: паметот.
Алтернативно: паметта
Фразеолошки израз / поговорка:
Даде памет некому ‒ посоветува, поучи некого. Не му (ми, ти...) иде паметот ‒ не се опаметува. Извади од памет некого ‒ го вчодовиде, го исплаши многу. Кај ти беше паметот? ‒ Како си можел така лошо да постапиш, требало да размислиш. Кус е во паметот ‒ не е (многу) паметен, умствено е ограничен. Уште му лета паметот ‒ уште е млад, неискусен. Научи некого на памет ‒ вразуми, присили некого добро да размисли, да прифати нешто. Му (ми, ти...) остане во паметот ‒ добро запамети. (Не) му (ми, ти...) падне (дојде) на памет -‒ (не) се сети. Ни на крај памет не му падне (дојде) ‒ воопшто не се сети, не помисли. Продава/ соли памет некому ‒ се прави многу паметен, мудар, многу искусен. Му (ми, ти...) сече паметот ‒ добро се разбира во нешто, има дарба. Како ти фаќа паметот? ‒ што мислиш (за нешто, за некоја работа). Ти се чудам на паметот ‒ не можам да те разберам, не го сфаќам тоа што го правиш. Му штукне/летне паметот - се избезуми, изгуби разум (од нешто, по нешто).
Оригинални податоци:
памет, паметот и паметта (само едн.) м. и ж. 1. Способност на човекот да ги спознава и да ги репродуцира во свеста претходно применети впечатоци; ум, разум. Тоа што ни гледаат очите се запишува и се запечатува во нашата памет. Дете е уште, ќе му дојде паметот. 2. Совет, поука, искуство. Од него памет не барам. Ова ќе му биде за памет. 3. (ретко) Спомен, сеќавање; сп. памјат. Спомени тешки во памет ми летаат. ◊ Даде памет некому ‒ посоветува, поучи некого. Не му (ми, ти...) иде паметот ‒ не се опаметува. Извади од памет некого ‒ го вчодовиде, го исплаши многу. Кај ти беше паметот? ‒ Како си можел така лошо да постапиш, требало да размислиш. Кус е во паметот ‒ не е (многу) паметен, умствено е ограничен. Уште му лета паметот ‒ уште е млад, неискусен. Научи некого на памет ‒ вразуми, присили некого добро да размисли, да прифати нешто. Му (ми, ти...) остане во паметот ‒ добро запамети. (Не) му (ми, ти...) падне (дојде) на памет -‒ (не) се сети. Ни на крај памет не му падне (дојде) ‒ воопшто не се сети, не помисли. Продава/ соли памет некому ‒ се прави многу паметен, мудар, многу искусен. Му (ми, ти...) сече паметот ‒ добро се разбира во нешто, има дарба. Како ти фаќа паметот? ‒ што мислиш (за нешто, за некоја работа). Ти се чудам на паметот ‒ не можам да те разберам, не го сфаќам тоа што го правиш. Му штукне/летне паметот - се избезуми, изгуби разум (од нешто, по нешто).