паметен
Значење на паметен:
1. Што има памет, мудар, умен, разумен. Добар и паметен домаќин. Мудра и паметна жена. Убаво и паметно дете.
2. Што сведочи, што е потврда за здрава памет; мисловен, расудлив. Паметна книга. Паметно решение. Паметни зборови.
3. (ретко) Што се памети долго, запаметен; незаборавен. Паметни денови.
Членувана форма: паметниот.
Изведени зборови:
- паметно, прил. Живее чесно и паметно.
Оригинални податоци:
паметен, паметниот прид. 1. Што има памет, мудар, умен, разумен. Добар и паметен домаќин. Мудра и паметна жена. Убаво и паметно дете. 2. Што сведочи, што е потврда за здрава памет; мисловен, расудлив. Паметна книга. Паметно решение. Паметни зборови. 3. (ретко) Што се памети долго, запаметен; незаборавен. Паметни денови. ‖ паметно прил. Живее чесно и паметно.