папагал

Именка, машки род

Значење на папагал:

1. (зоол.) Тропска птица со разнобојни перје која се одликува со способност да научи да подражава некои зборови; Psittaci.

2. (прен.) Тој што повторува туѓи зборови и мисли, што нема свое мислење.

Множина: папагали.

Изведени зборови:

  • папагалски, прил. Повторува папагалски.
  • папагалски, прид. папагалскиот

Оригинални податоци:

папагал, мн. папагали м. 1. (зоол.) Тропска птица со разнобојни перје која се одликува со способност да научи да подражава некои зборови; Psittaci. 2. (прен.) Тој што повторува туѓи зборови и мисли, што нема свое мислење. ‖ папагалски, папагалскиот прид. ‖ папагалски прил. Повторува папагалски.