пар

Именка, машки род

Значење на пар:

1. Два предмета што се користат истовремено, имаат иста функција, или пак се сметаат за цело; рало, чифт. Пар волнени чорапи. Два пара црни чевли.

2. За панталони, ножички, очила и др. ‒ предмет што се состои од два споени дела. Пар панталони. Пар очила.

3. а) Две лица (машко и женско) поврзани на некој начин; двојка. Брачен пар. Љубовен пар. б) Две истородни животни. Пар ловечки кучиња. Коњи впрегнати во парови.

Множина: пара, парови.

Фразеолошки израз / поговорка:

Пар или непар ‒ чифт или тек. Видски пар ‒ глаголи што имаат исто лексичко значење, а се разликуваат по видот: свршен и несвршен глагол.

Оригинални податоци:

пар, мн. парови, избр. мн. пара м. 1. Два предмета што се користат истовремено, имаат иста функција, или пак се сметаат за цело; рало, чифт. Пар волнени чорапи. Два пара црни чевли. 2. За панталони, ножички, очила и др. ‒ предмет што се состои од два споени дела. Пар панталони. Пар очила. 3. а) Две лица (машко и женско) поврзани на некој начин; двојка. Брачен пар. Љубовен пар. б) Две истородни животни. Пар ловечки кучиња. Коњи впрегнати во парови. ◊ Пар или непар ‒ чифт или тек. Видски пар ‒ глаголи што имаат исто лексичко значење, а се разликуваат по видот: свршен и несвршен глагол.