пара 2

Именка, женски род

Значење на пара:

1. Монета. Метална пара. Сребрена пара. Глава на парата.

2. (истор.) Стоти дел од динарот. Сто динари и педесет пари.

3. а) Законско средство за плаќање во метални или книжни единици со различна вредност; валута. б) Парични средства, капитал. в) (во едн., разг.) Пари. Останал без пара.

Множина: пари.

Изведени зборови:

  • париче, и. ж. мн. паричиња ср.; паричка, мн. парички дем и хип.

Фразеолошки израз / поговорка:

За евтини/мали/ ситни пари ‒ евтино, за малку пари. Без скршена пара ‒ без пари. Книжна пара ‒ банкнота. Големи/дебели/добри пари ‒ многу пари. Крвави/црни пари ‒ тешко спечалени, со мака заработени пари. Пет пари не вреди / не вреди скршена пара ‒ нема никаква вредност. Пет пари не дава ‒ не му е галје, воопшто не се грижи, од ништо не се плаши. Става пара врз пара ‒ штеди многу. Фаќа/вади добра пара ‒ заработува добро. Ќе падне пара - ќе има добивка. На пари спие/лежи ‒ има многу пари, богат е. (Не) е при пари ‒ (нема) има пари. Пара на пара оди ‒ кој има пак да има, кај богатиот се трупа богатството. Алал нека ви се парите ‒ благослов. Фрла пари – троши неразумно.

Оригинални податоци:

пара2, мн. пари ж. 1. Монета. Метална пара. Сребрена пара. Глава на парата. 2. (истор.) Стоти дел од динарот. Сто динари и педесет пари. 3. а) Законско средство за плаќање во метални или книжни единици со различна вредност; валута. б) Парични средства, капитал. в) (во едн., разг.) Пари. Останал без пара. ◊ За евтини/мали/ ситни пари ‒ евтино, за малку пари. Без скршена пара ‒ без пари. Книжна пара ‒ банкнота. Големи/дебели/добри пари ‒ многу пари. Крвави/црни пари ‒ тешко спечалени, со мака заработени пари. Пет пари не вреди / не вреди скршена пара ‒ нема никаква вредност. Пет пари не дава ‒ не му е галје, воопшто не се грижи, од ништо не се плаши. Става пара врз пара ‒ штеди многу. Фаќа/вади добра пара ‒ заработува добро. Ќе падне пара - ќе има добивка. На пари спие/лежи ‒ има многу пари, богат е. (Не) е при пари ‒ (нема) има пари. Пара на пара оди ‒ кој има пак да има, кај богатиот се трупа богатството. Алал нека ви се парите ‒ благослов. Фрла пари – троши неразумно. ‖ париче, мн. паричиња ср.; паричка, мн. парички ж. дем и хип.