пара

Глагол, несвршен

Значење на пара:

1. Прави нешто што е сошиено, везено, плетено да биде рашиено, развезено, расплетено. Пара конец.

2. Расекува, раздвојува со нешто остро, остава трага (во вода, воздух и др.).

3. (прен.) а) Нанесува душевна болка, страдање. Загубата на синот ѝ го параше срцето. б) За глас, звук ‒ продира остро, силно, го дразни слухот. Писокот од зурлите ги параа ушите. Сирената го параше воздухот и влеваше страв кај народот.

Коњугација: параат.

Изведени зборови:

  • парање , глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Ни се шие, ни се пара ‒ ни се води, ни се тера; не разбира ни со добро, ни со лошо.

Оригинални податоци:

пара, параат несв. 1. Прави нешто што е сошиено, везено, плетено да биде рашиено, развезено, расплетено. Пара конец. 2. Расекува, раздвојува со нешто остро, остава трага (во вода, воздух и др.). 3. (прен.) а) Нанесува душевна болка, страдање. Загубата на синот ѝ го параше срцето. б) За глас, звук ‒ продира остро, силно, го дразни слухот. Писокот од зурлите ги параа ушите. Сирената го параше воздухот и влеваше страв кај народот. ◊ Ни се шие, ни се пара ‒ ни се води, ни се тера; не разбира ни со добро, ни со лошо. ‖ глаг. им парање ср.