парадира

Глагол, несвршен

Значење на парадира:

1. Учествува во парада; оди со параден чекор, маршира.

2. (прен., пејор.) Си придава важност, наметливо се истакнува пред други со нешто (облека, вештина, знаење и сл.); се перчи, се топори. Девојката парадираше со автограмот од славниот актер.

Коњугација: парадираат , парадирајќи.

Изведени зборови:

  • парадирање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

парадира, парадираат; парадирајќи несв. 1. Учествува во парада; оди со параден чекор, маршира. 2. (прен., пејор.) Си придава важност, наметливо се истакнува пред други со нешто (облека, вештина, знаење и сл.); се перчи, се топори. Девојката парадираше со автограмот од славниот актер. ‖ глаг. им. парадирање ср.