параграф
Значење на параграф:
1. Дел од текст со нов, вовлечен ред (обично во правилник, закон и сл.) со кој започнува нов став со самостојно значење; пасус, алинеја. Вториот параграф претставува краток осврт на творештвото на авторот. Параграф од кривичниот законик.
2. Назив на знакот со кој се одбележува таквиот дел (§).
Множина: параграфи.
Фразеолошки израз / поговорка:
Го фатил параграфот ‒ му дојде ред да прави нешто, како по некој закон.
Оригинални податоци:
параграф, мн. параграфи м. 1. Дел од текст со нов, вовлечен ред (обично во правилник, закон и сл.) со кој започнува нов став со самостојно значење; пасус, алинеја. Вториот параграф претставува краток осврт на творештвото на авторот. Параграф од кривичниот законик. 2. Назив на знакот со кој се одбележува таквиот дел (§). ◊ Го фатил параграфот ‒ му дојде ред да прави нешто, како по некој закон.