паралелен
Значење на паралелен:
1. За линија или рамнина ‒ што се наоѓа на еднакво меѓусебно растојание по целата должина; напореден.
2. Што е во ист правец, што се наоѓа на блиско растојание од нешто. Паралелни улици.
3. Што се поклопува со друг по дејност, содржина, место или по време. Паралелно училиште. Паралелен од. Паралелна активност.
Членувана форма: паралелниот.
Изведени зборови:
- паралелно, прил. Тој изведува настава паралелно во две училишта. Дејствата на сцена се одвиваа паралелно.
- паралелност, и. ж.
Фразеолошки израз / поговорка:
Води паралелен живот ‒ живее во брак и има вонбрачна врска.
Оригинални податоци:
паралелен, паралелниот прид. 1. За линија или рамнина ‒ што се наоѓа на еднакво меѓусебно растојание по целата должина; напореден. 2. Што е во ист правец, што се наоѓа на блиско растојание од нешто. Паралелни улици. 3. Што се поклопува со друг по дејност, содржина, место или по време. Паралелно училиште. Паралелен од. Паралелна активност. ◊ Води паралелен живот ‒ живее во брак и има вонбрачна врска. ‖ паралелно прил. Тој изведува настава паралелно во две училишта. Дејствата на сцена се одвиваа паралелно. ‖ паралелност ж.