парализа
Само во еднина.
Значење на парализа:
1. (мед.) Нарушување или отсуство на моторните функции на еден орган како последица од оштетување на нервниот систем од болест или од повреда. Парализа на десната рака.
2. (прен.) а) Отсуство, губење на способност или желба за дејствување, за работа. Политичката разединетост доведе до парализа во работата на парламентот. б) Неспособност за движење. Парализа во сообраќај.
Оригинални податоци:
парализа (само едн.) ж. 1. (мед.) Нарушување или отсуство на моторните функции на еден орган како последица од оштетување на нервниот систем од болест или од повреда. Парализа на десната рака. 2. (прен.) а) Отсуство, губење на способност или желба за дејствување, за работа. Политичката разединетост доведе до парализа во работата на парламентот. б) Неспособност за движење. Парализа во сообраќај.