парализира
Значење на парализира:
1. (мед.) Предизвика, предизвикува парализа.
2. (прен.) а) Лиши, лишува од способност за движење. Метежот го парализира сообраќајот. б) Онеспособи, онеспособува, оневозможи, оневозможува за дејствување или за извршување на нешто. Полицијата ги парализира дејствата на демонстрантите. Загубата на синот го парализира неговиот план за развиток на фирмата.
Коњугација: парализираат , парализирајќи.
Изведени зборови:
- парализирање, глаг. им. ср.
- се ~ парализира, Стане парализиран. Тој се парализира од мозочен удар.
Оригинални податоци:
парализира, парализираат; парализирајќи св. и несв. 1. (мед.) Предизвика, предизвикува парализа. 2. (прен.) а) Лиши, лишува од способност за движење. Метежот го парализира сообраќајот. б) Онеспособи, онеспособува, оневозможи, оневозможува за дејствување или за извршување на нешто. Полицијата ги парализира дејствата на демонстрантите. Загубата на синот го парализира неговиот план за развиток на фирмата. ● се ~ Стане парализиран. Тој се парализира од мозочен удар. ‖ глаг. им. парализирање ср.