парче

Именка, среден род

Значење на парче:

1. Отсечен, откинат, скршен дел од нешто. Парче леб. Парче торта. Парче памук. Парче хартија. Парче платно. Парчиња сланина. Парчиња стакло.

2. Посебен дел од нешто. Парче гардероба. Парчиња мебел.

3. (жарг.) Девојка или жена. Добро парче.

Множина: парчиња.

Изведени зборови:

  • парченце, и. ср. дем.

Фразеолошки израз / поговорка:

Парчиња ќе го направи / Ќе го сече парче по парче ‒ ќе го уништи. Го изгледа од парче месо ‒ го израсна од бебе, го одгледа од мал. Дојде до парче леб ‒ се вработи; заработи некој денар.

Оригинални податоци:

парче, мн. парчиња ср. 1. Отсечен, откинат, скршен дел од нешто. Парче леб. Парче торта. Парче памук. Парче хартија. Парче платно. Парчиња сланина. Парчиња стакло. 2. Посебен дел од нешто. Парче гардероба. Парчиња мебел. 3. (жарг.) Девојка или жена. Добро парче. ◊ Парчиња ќе го направи / Ќе го сече парче по парче ‒ ќе го уништи. Го изгледа од парче месо ‒ го израсна од бебе, го одгледа од мал. Дојде до парче леб ‒ се вработи; заработи некој денар. ‖ парченце, мн. парченца ср. дем.