парчоса

Глагол, свршен

Значење на парчоса:

1. Распарчи, раздели, раскине на парчиња. Го парчоса бокалот. Гладниот волк го парчоса јагнето.

2. (прен.) Уништи, сотре. Кошулата му се парчоса од капините. Поради стечајот на претпријатието, работниците го парчосаа директорот.

Коњугација: парчосаат.

Изведени зборови:

  • парчосување, глаг. им. ср.
  • се ~ парчоса, 1. Се распарчи, се раздели на парчиња. Чашите паднаа и се парчосаа. 2. (прен.) Истрпи голема физичка или психичка болка, мака, тага. Срцето му се парчоса од тага.
  • (се) парчосува, глаг. несв. (се) парчосуваат

Оригинални податоци:

парчоса, парчосаат св. 1. Распарчи, раздели, раскине на парчиња. Го парчоса бокалот. Гладниот волк го парчоса јагнето. 2. (прен.) Уништи, сотре. Кошулата му се парчоса од капините. Поради стечајот на претпријатието, работниците го парчосаа директорот. ● се ~ 1. Се распарчи, се раздели на парчиња. Чашите паднаа и се парчосаа. 2. (прен.) Истрпи голема физичка или психичка болка, мака, тага. Срцето му се парчоса од тага. ‖ (се) парчосува, (се) парчосуваат несв. ‖ глаг. им. парчосување ср.