партал
Значење на партал:
1. Износено, искинато алиште или парче ткаенина; крпа, алтица, латица. Купче партали. Питач облечен во партали.
2. (прен., <!PEJORATIVE!> а) Морално или материјално пропаднат човек, никаквец, парталко. б) Безвреден предмет.
Множина: партали.
Изведени зборови:
- парталче, и. ср. дем.
Фразеолошки израз / поговорка:
Собере партали ‒ (пејор.) си земе сè и замине. Си ги собрал парталите.
Оригинални податоци:
партал, мн. партали м. Износено, искинато алиште или парче ткаенина; крпа, алтица, латица. Купче партали. Питач облечен во партали. 2. (прен., пејор.) а) Морално или материјално пропаднат човек, никаквец, парталко. б) Безвреден предмет. ◊ Собере партали ‒ (пејор.) си земе сè и замине. Си ги собрал парталите. ‖ парталче, мн. парталчиња ср. дем.