партицип

Именка, машки род

Граматика.

Значење на партицип:

Форма на глаголот што го означува глаголското дејство во сложени глаголски форми (беше дојден, има завршено) или се употребува во атрибутска служба како придавка (завршена работа, искината облека); глаголска придавка.

Множина: партиципи.

Изведени зборови:

  • партиципски, прид. партиципскиот Партиципски форми.

Оригинални податоци:

партицип, мн. партиципи м. (грам.) Форма на глаголот што го означува глаголското дејство во сложени глаголски форми (беше дојден, има завршено) или се употребува во атрибутска служба како придавка (завршена работа, искината облека); глаголска придавка. ‖ партиципски, партиципскиот прид. Партиципски форми.