партизан

Именка, машки род

Значење на партизан:

1. (истор.) Борец на партизанските одреди на Југославија, учесник во Народноослободителната борба во Втората светска војна.

2. Тој што се бори во заднината на непријателот; герилец.

Множина: партизани.

Изведени зборови:

  • партизанка, и. ж.
  • партизански, прид. партизанскиот

Оригинални податоци:

партизан, мн. партизани м. 1. (истор.) Борец на партизанските одреди на Југославија, учесник во Народноослободителната борба во Втората светска војна. 2. Тој што се бори во заднината на непријателот; герилец. ‖ партизанка, мн. партизанки ж. ‖ партизански, партизанскиот прид.