партнер

Именка, машки род

Значење на партнер:

1. Соучесник во игра. Играта се губи кога се потценува партнерот. Тој бара партнер за партија шах.

2. Соучесник во преговори. Политички партнер. Партнер во спогодба.

3. Соучесник во работа, во деловен потфат. Деловен партнер.

4. Член од брачна двојка или член од двојка што не е во брачен однос. Брачен партнер. Партнер во љубовна врска.

Множина: партнери.

Изведени зборови:

  • партнерка, и. ж.
  • партнерски, прид. партнерскиот

Оригинални податоци:

партнер, мн. партнери м. 1. Соучесник во игра. Играта се губи кога се потценува партнерот. Тој бара партнер за партија шах. 2. Соучесник во преговори. Политички партнер. Партнер во спогодба. 3. Соучесник во работа, во деловен потфат. Деловен партнер. 4. Член од брачна двојка или член од двојка што не е во брачен однос. Брачен партнер. Партнер во љубовна врска. ‖ партнерка, мн. партнерки ж. ‖ партнерски, партнерскиот прид.