пасе 1

Глагол, несвршен

Значење на пасе:

1. За животно ‒ јаде трева на пасиште, на ливада и сл., се храни со трева, со растителност. Стадото пасело во коријата. Коњите пасеа по ливадата.

2. За пчели ‒ пушта на паша. Напролет, пчеларите ги носеа кошниците со пчели да пасат.

3. Напасува добиток. Овчарот ги пасеше овците.

Коњугација: пасат , пасеа , пасев , пасејќи , пасел , пасен , пасење , пасете , паси , пасле, пасоа , пасов , пасол .

Изведени зборови:

  • пасење, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Тој не пасе трева ‒ тој не е глуп.

Оригинални податоци:

пасе1, пасат; паси, пасете; пасев, пасеа; пасел; пасен; пасејќи; пасење; пасов, пасоа; пасол; пасле несв. 1. За животно ‒ јаде трева на пасиште, на ливада и сл., се храни со трева, со растителност. Стадото пасело во коријата. Коњите пасеа по ливадата. 2. За пчели ‒ пушта на паша. Напролет, пчеларите ги носеа кошниците со пчели да пасат. 3. Напасува добиток. Овчарот ги пасеше овците. ◊ Тој не пасе трева ‒ тој не е глуп. ‖ глаг. им. пасење ср.