паша 2

Именка, машки род

Историја.

Значење на паша:

1. Титула на високи цивилни и воени великодостојници во Турското Царство и во некои други држави. Турски паши.

2. Лице што ја има таа титула. Селим-паша.

Множина: паши.

Фразеолошки израз / поговорка:

Сам ага, сам паша ‒ нема обврски кон никого, не одговара пред никого.

Оригинални податоци:

паша2, мн. паши м. (истор.) 1. Титула на високи цивилни и воени великодостојници во Турското Царство и во некои други држави. Турски паши. 2. Лице што ја има таа титула. Селим-паша. ◊ Сам ага, сам паша ‒ нема обврски кон никого, не одговара пред никого.