пат 1

Именка, машки род

Значење на пат:

1. а) Дел од земјиште во форма на долга лента, изграден за одење или за патување од едно место во друго, или разгазен со постојано минување. Колски пат. Шумски пат. Правлив пат. Каллив пат. Селски патишта. Стрмни патишта. б) Таков дел изграден на посебен начин за патување со возила. Макадамски пат. Асфалтиран пат. Пат со една коловозна лента. Локален пат. Меѓународен пат.

2. Поминато растојание. Има уште многу пат до селото.

3. Време што поминува при движење. Три часа пат.

4. а) Насока на движење. Патот ме одведе сред село. Тој го знаеше патот. По патот за дома го сретна пријателот. б) (прен.) Линија по која се движи некој или нешто. Тргна по добар пат. Патот на животот. Патот на преселните птици е долг. Патот на Земјата околу Сонцето.

5. Место за движење, простор без пречки. Тој си пробива пат низ турканицата. Направете пат да помине амбулантното возило! 6. Пространство за движење. Поморски пат. Воздушен пат.

6. План, метод, средство, начин за остварување на некаква цел. Вистински пат кон успехот. Полесен пат за заработка. Тој го избра правилниот пат да дојде до целта. По судски пат. По мирен пат.

7. Патување и престој надвор од местото на живеење. Тргнал на пат. Пат околу светот. Далечен пат. Свадбен пат. Службен пат.

8. Правец на дејност, развиток. Општествената критика го расчистува патот кон револуционерни промени. Тој го избра тешкиот пат на слободен писател. Пат на револуцијата. Развоен пат.

Множина: пата, патишта, патје.

Фразеолошки израз / поговорка:

Отвори пат ‒ создаде можност. Стои на пат некому ‒ некој попречува некого во остварување на план, цел и сл. Застане на пат ‒ прекине, стави крај на нешто, се спротивстави на нешто. Изведе некого на пат ‒ одгледа некого, воспита добро. На пат е ‒ 1. патува. 2. само што не пристигнал. 3. за бебе ‒ зачнато е, но не е родено. На добар пат е/си пробива пат ‒ се движи кон успех. Пат под нозе/под опашка ‒ (разг.) замине. Секој по свој пат ‒ разделба на двајца блиски. По редовен пат ‒ според пропишани правила. Трнлив пат ‒ живот исполнет со мака, тешкотии.

Оригинални податоци:

пат1, избр. мн. пата, зб. мн. патје, мн. патишта м. 1. а) Дел од земјиште во форма на долга лента, изграден за одење или за патување од едно место во друго, или разгазен со постојано минување. Колски пат. Шумски пат. Правлив пат. Каллив пат. Селски патишта. Стрмни патишта. б) Таков дел изграден на посебен начин за патување со возила. Макадамски пат. Асфалтиран пат. Пат со една коловозна лента. Локален пат. Меѓународен пат. 2. Поминато растојание. Има уште многу пат до селото. 3. Време што поминува при движење. Три часа пат. 4. а) Насока на движење. Патот ме одведе сред село. Тој го знаеше патот. По патот за дома го сретна пријателот. б) (прен.) Линија по која се движи некој или нешто. Тргна по добар пат. Патот на животот. Патот на преселните птици е долг. Патот на Земјата околу Сонцето. 5. Место за движење, простор без пречки. Тој си пробива пат низ турканицата. Направете пат да помине амбулантното возило! 6. Пространство за движење. Поморски пат. Воздушен пат. 7. План, метод, средство, начин за остварување на некаква цел. Вистински пат кон успехот. Полесен пат за заработка. Тој го избра правилниот пат да дојде до целта. По судски пат. По мирен пат. 8. Патување и престој надвор од местото на живеење. Тргнал на пат. Пат околу светот. Далечен пат. Свадбен пат. Службен пат. 9. Правец на дејност, развиток. Општествената критика го расчистува патот кон револуционерни промени. Тој го избра тешкиот пат на слободен писател. Пат на револуцијата. Развоен пат. ◊ Отвори пат ‒ создаде можност. Стои на пат некому ‒ некој попречува некого во остварување на план, цел и сл. Застане на пат ‒ прекине, стави крај на нешто, се спротивстави на нешто. Изведе некого на пат ‒ одгледа некого, воспита добро. На пат е ‒ 1. патува. 2. само што не пристигнал. 3. за бебе ‒ зачнато е, но не е родено. На добар пат е/си пробива пат ‒ се движи кон успех. Пат под нозе/под опашка ‒ (разг.) замине. Секој по свој пат ‒ разделба на двајца блиски. По редовен пат ‒ според пропишани правила. Трнлив пат ‒ живот исполнет со мака, тешкотии.