патем

Прилог

Значење на патем:

По пат; за време на патување. Патем го мачеа многу мисли. Патем, во возот, расправаа за настанот. Патем им се придружија други селани.

Фразеолошки израз / поговорка:

Патем кажано/речено/спомнато ‒ случајна, незначајна забелешка.

Оригинални податоци:

патем прил. По пат; за време на патување. Патем го мачеа многу мисли. Патем, во возот, расправаа за настанот. Патем им се придружија други селани. ◊ Патем кажано/речено/спомнато ‒ случајна, незначајна забелешка.