патологија

Именка, женски род

Само во еднина.

Значење на патологија:

1. (мед.) Област од медицината што ја проучува природата на болестите кај живите организми, особено причинителите за функционалните и структурните промени во ткивата и во органите.

2. (прен.) Состојба на нешто што е противприродно, ненормално, неправилно; растројство. Интересен случај на патологија е величањето на злосторствата на злосторникот.

Изведени зборови:

  • патолошки, прид. патолошкиот

Оригинални податоци:

патологија (само едн.) ж. 1. (мед.) Област од медицината што ја проучува природата на болестите кај живите организми, особено причинителите за функционалните и структурните промени во ткивата и во органите. 2. (прен.) Состојба на нешто што е противприродно, ненормално, неправилно; растројство. Интересен случај на патологија е величањето на злосторствата на злосторникот. ‖ патолошки, патолошкиот прид.