патрициј

Именка, машки род

Историја.

Значење на патрициј:

1. Во Римското Царство ‒ припадник на привилегираниот сталеж.

2. Во средниот век ‒ припадник на градската, трговската аристократија.

Множина: патриции.

Изведени зборови:

  • патрицијка, и. ж.
  • патрициски, прид. патрицискиот

Оригинални податоци:

патрициј, мн. патриции м. (истор.) 1. Во Римското Царство ‒ припадник на привилегираниот сталеж. 2. Во средниот век ‒ припадник на градската, трговската аристократија. ‖ патрицијка, мн. патрицијки ж. ‖ патрициски, патрицискиот прид.