патрон 1

Именка, машки род

Значење на патрон:

1. (истор.) Патрициј што бил покровител на малоимотни и неполноправни граѓани.

2. (прен.) а) Светител кој се слави и се чествува како заштитник на храм, лице, семејство, дом, населено место. Црковен патрон е Свети Димитрија. Свети Никола е патрон на морепловците. б) (разг.) Покровител, заштитник.

3. Име на знаменито лице кое го носи некое училиште, претпријатие, установа и др. Крсте Мисирков е патрон на Институтот за македонски јазик.

Множина: патрони.

Оригинални податоци:

патрон1, мн. патрони м. 1. (истор.) Патрициј што бил покровител на малоимотни и неполноправни граѓани. 2. (прен.) а) Светител кој се слави и се чествува како заштитник на храм, лице, семејство, дом, населено место. Црковен патрон е Свети Димитрија. Свети Никола е патрон на морепловците. б) (разг.) Покровител, заштитник. 3. Име на знаменито лице кое го носи некое училиште, претпријатие, установа и др. Крсте Мисирков е патрон на Институтот за македонски јазик.