патува
Значење на патува:
1. За луѓе ‒ оди од едно место на друго пеш или со превозно средство. Тие ноќе патуваат донекаде по патот. Студентите патувале цела ноќ со воз. Луѓето патуваа далеку. Тој патувал околу светот со брод.
2. За превозни средства ‒ се движи. Возот патува за Кичево. Бродот патуваше со месеци.
3. (прен.) Се движи, се пренесува. Земјата патува околу Сонцето. Штафетата патува од рака в рака. Нејзините мисли патуваа по познатите предели од родниот крај.
Коњугација: патуваат.
Оригинални податоци:
патува, патуваат несв. 1. За луѓе ‒ оди од едно место на друго пеш или со превозно средство. Тие ноќе патуваат донекаде по патот. Студентите патувале цела ноќ со воз. Луѓето патуваа далеку. Тој патувал околу светот со брод. 2. За превозни средства ‒ се движи. Возот патува за Кичево. Бродот патуваше со месеци. 3. (прен.) Се движи, се пренесува. Земјата патува околу Сонцето. Штафетата патува од рака в рака. Нејзините мисли патуваа по познатите предели од родниот крај.