патување

Именка, среден род

Значење на патување:

1. Глаголска именка од патува. Долго патување. Далечно патување.

2. Одење, заминување некаде со туристичка, стручна, научна или некаква друга цел. Туристички патувања. Службено патување.

Множина: патувања.

Фразеолошки израз / поговорка:

Свадбено патување ‒ патување на млада брачна двојка.

Оригинални податоци:

патување, мн. патувања ср. 1. Глаг. им. од патува. Долго патување. Далечно патување. 2. Одење, заминување некаде со туристичка, стручна, научна или некаква друга цел. Туристички патувања. Службено патување. ◊ Свадбено патување ‒ патување на млада брачна двојка.