паушален

Придавка

Значење на паушален:

1. Што е приближно определен. Паушален износ. Паушална наплата.

2. (прен.) Што е општ, што не е конкретизиран; непроверен, неточен. Паушален коментар. Паушална оценка. Паушални критики.

Членувана форма: паушалниот.

Изведени зборови:

  • паушално, прил. Овој месец паушално ја платија потрошената вода.

Оригинални податоци:

паушален, паушалниот прид. 1. Што е приближно определен. Паушален износ. Паушална наплата. 2. (прен.) Што е општ, што не е конкретизиран; непроверен, неточен. Паушален коментар. Паушална оценка. Паушални критики. ‖ паушално прил. Овој месец паушално ја платија потрошената вода.