павилјон
Значење на павилјон:
1. Мал градежен објект или мал ограден простор, обично дрвен и покриен, што има повеќе намени (за одмор, починка во планина, парк, градина). Во душевната болница имаше современо опремени павилјони. Во предградието имаше дрвен павилјон, шестоаголно поставен во зеленилото.
2. Просторија или објект за експонати од изложба и др. Плоштадот беше опколен со галерии и павилјони. Во музејот еден павилјон е посветен на познатиот сликар.
3. Просторија или објект за продажба на определени стоки. Павилјон за цвеќе.
Множина: павилјони.
Изведени зборови:
- павилјонски, прид. павилјонскиот
Оригинални податоци:
павилјон, мн. павилјони м. 1. Мал градежен објект или мал ограден простор, обично дрвен и покриен, што има повеќе намени (за одмор, починка во планина, парк, градина). Во душевната болница имаше современо опремени павилјони. Во предградието имаше дрвен павилјон, шестоаголно поставен во зеленилото. 2. Просторија или објект за експонати од изложба и др. Плоштадот беше опколен со галерии и павилјони. Во музејот еден павилјон е посветен на познатиот сликар. 3. Просторија или објект за продажба на определени стоки. Павилјон за цвеќе. ‖ павилјонски, павилјонскиот прид.