павка
Значење на павка:
1. Прави повторливи слаби движења со нешто. а) Мавта. Девојката павкаше со ладалото. Птицата павкаше со крилјата. б) Тресе, растресува. Домаќинката ги павкаше чаршафите, перниците.
2. Се вее, поддувнува, се мавта. Знамиња павкаа на ветрот. Алиштата павкаат на балкон.
3. За ветар – поддувнува, дувка. Павкаше топло ветре.
Коњугација: павкаат.
Изведени зборови:
- павкање, глаг. им. ср.
- се ~ павка, 1. Кон зн. 2. 2. Се лади, се разладува. На големата горештина во автобусот, луѓето се павкаа со рацете, со весниците. Госпоѓата се павкаше со ладалото.
Оригинални податоци:
павка, павкаат несв. 1. Прави повторливи слаби движења со нешто. а) Мавта. Девојката павкаше со ладалото. Птицата павкаше со крилјата. б) Тресе, растресува. Домаќинката ги павкаше чаршафите, перниците. 2. Се вее, поддувнува, се мавта. Знамиња павкаа на ветрот. Алиштата павкаат на балкон. 3. За ветар – поддувнува, дувка. Павкаше топло ветре. ● се ~ 1. Кон зн. 2. 2. Се лади, се разладува. На големата горештина во автобусот, луѓето се павкаа со рацете, со весниците. Госпоѓата се павкаше со ладалото. ‖ глаг. им. павкање ср.