павта

Глагол, несвршен

Значење на павта:

1. Прави повторливи силни движења. а) Мавта нешто или со нешто. Жената расправаше нешто и павташе со рацете. Детето ги павташе нозете под столот. Девојката ја павташе долгата руса коса. б) Прави нешто силно да гори, разгорува. Старицата го павташе жарот во огништето.

2. Тресе постелнина, крпи и сл.

3. За ветер ‒ силно дува, вее. Павташе јужен ветер.

4. Се вее, се мавта во воздухот; павка 2.

Коњугација: павтаат.

Изведени зборови:

  • павтање, глаг. им. ср.
  • се ~ павта, 1. Кон зн. 4. 2. Се лади, се разладува; сп. се павка.

Оригинални податоци:

павта, павтаат несв. 1. Прави повторливи силни движења. а) Мавта нешто или со нешто. Жената расправаше нешто и павташе со рацете. Детето ги павташе нозете под столот. Девојката ја павташе долгата руса коса. б) Прави нешто силно да гори, разгорува. Старицата го павташе жарот во огништето. 2. Тресе постелнина, крпи и сл. 3. За ветер ‒ силно дува, вее. Павташе јужен ветер. 4. Се вее, се мавта во воздухот; сп. павка 2. ● се ~ 1. Кон зн. 4. 2. Се лади, се разладува; сп. се павка. ‖ глаг. им. павтање ср.