пазар
Значење на пазар:
1. Отворен или покриен простор каде што се продаваат разни, главно земјоделски производи; пазариште. Отишол селанецот на пазар во градот. Беше доцна и пазарот веќе се празнеше.
2. Пазарен ден. Тој пазар си отиде дома задоволен. Пазар во Прилеп е сабота.
3. Купување. Нашите свадбари веќе беа при крај со пазарот. Невестите обично оделе на пазар кога градот е помирен за да можат слободно да се пазарат за шамии.
4. Пари, заработувачка од продажба. Бифеџијата го преброи пазарот.
5. Трговска дејност, трговија; промет. Не врви пазарот со афион. Со високите царински давачки пазарот на автомобили ќе опадне.
6. Договор при купопродажба. Тој капар нема да се есапи во пазарот.
7. а) Подрачје на кое се тргува. Домашен пазар. Надворешен пазар. Меѓународен пазар. б) Област, вид на тргување. Пазар на стоки. Пазар на трудот. Девизен Пазар.
Множина: пазари.
Фразеолошки израз / поговорка:
Домашниот есап на пазар не излегува ‒ в. домашен.
Оригинални податоци:
пазар, мн. пазари м. 1. Отворен или покриен простор каде што се продаваат разни, главно земјоделски производи; пазариште. Отишол селанецот на пазар во градот. Беше доцна и пазарот веќе се празнеше. 2. Пазарен ден. Тој пазар си отиде дома задоволен. Пазар во Прилеп е сабота. 3. Купување. Нашите свадбари веќе беа при крај со пазарот. Невестите обично оделе на пазар кога градот е помирен за да можат слободно да се пазарат за шамии. 4. Пари, заработувачка од продажба. Бифеџијата го преброи пазарот. 5. Трговска дејност, трговија; промет. Не врви пазарот со афион. Со високите царински давачки пазарот на автомобили ќе опадне. 6. Договор при купопродажба. Тој капар нема да се есапи во пазарот. 7. а) Подрачје на кое се тргува. Домашен пазар. Надворешен пазар. Меѓународен пазар. б) Област, вид на тргување. Пазар на стоки. Пазар на трудот. Девизен Пазар. ◊ Домашниот есап на пазар не излегува ‒ в. домашен.