пазари
Значење на пазари:
1. Купи, купува од пазар или од некаде нешто. В петок ќе пазарам зеленчук и овошје. Ќе оди во продавница да пазари.
2. Договори, договара цена и услови на продавање и купување; тргува. Пазарив неколку кубика дрва. Со пари или со жито ја пазаривте работата? 3. Најми, најмува некого за работа. Го пазари момчето за веслач на чунот. Тој пазарил мајстори за куќата.
Коњугација: , пазарат , пазареа , пазарев , пазарејќи , пазарел , пазарен , пазарете , пазари , пазарив , пазарија , пазарил .
Изведени зборови:
- пазарење, глаг. им. ср.
- пазарување, глаг. им. ср.
- се ~ пазари, Се договори, се договара за цена (при купопродажба, за извршување определена работа и сл.) Се пазареа за вреќа ореви. Свекорот се пазарел со свирачите за свадба. Така не се пазаревме.
- (се) пазарува, глаг. несв. (се) пазаруваат
Оригинални податоци:
пазари, пазарат; пазари, пазарете; пазарев, пазареа; пазарел; пазарен; пазарејќи; пазарив, пазарија; пазарил; св. и несв. 1. Купи, купува од пазар или од некаде нешто. В петок ќе пазарам зеленчук и овошје. Ќе оди во продавница да пазари. 2. Договори, договара цена и услови на продавање и купување; тргува. Пазарив неколку кубика дрва. Со пари или со жито ја пазаривте работата? 3. Најми, најмува некого за работа. Го пазари момчето за веслач на чунот. Тој пазарил мајстори за куќата. ● се ~ Се договори, се договара за цена (при купопродажба, за извршување определена работа и сл.) Се пазареа за вреќа ореви. Свекорот се пазарел со свирачите за свадба. Така не се пазаревме. ‖ глаг. им. пазарење ср. ‖ (се) пазарува, (се) пазаруваат несв. ‖ глаг. им. пазарување ср.