пазува

Именка, женски род

Значење на пазува:

1. Местото меѓу облеката и градите. Топла пазува. Крие писмо во пазуви.

2. а) Облеката над градите. Го фати детето за пазуви и го извлечка надвор. Бог да чува ‒ велеше и тресеше пазуви. б) Гради кај маж и кај жена. Силен бодеж почувствува в пазува. Старицата скрстила раце на пазуви. Израснала трева до пазуви. Мокри сме до под пазува.

3. (анат.) Подмишка, мала вдлабнатинка под раката каде што таа се спојува со телото во рамениот зглоб. Детето го поддржуваа за пазувите за да чекори. Под пазувите го мачи шуга. Стави тетратка под пазува и истрча надвор.

4. (прен.) а) За земја, море, планина ‒ длабина, внатрешност. Од пазувите на земјата излегоа затрупани камења. б) Заштита, закрила. Растеше во мајкина пазува.

Множина: пазуви.

Фразеолошки израз / поговорка:

Стави глава в пазува ‒ наведне глава; се засрами. Чува змија в пазува ‒ близок е со некого што враќа на доброто со зло. Поплукај си во пазувата ‒ се кажува на оној што се исплашил од нешто лошо, со верување дека тоа нема да му се случи.

Оригинални податоци:

пазува, мн. пазуви ж. 1. Местото меѓу облеката и градите. Топла пазува. Крие писмо во пазуви. 2. а) Облеката над градите. Го фати детето за пазуви и го извлечка надвор. Бог да чува ‒ велеше и тресеше пазуви. б) Гради кај маж и кај жена. Силен бодеж почувствува в пазува. Старицата скрстила раце на пазуви. Израснала трева до пазуви. Мокри сме до под пазува. 3. (анат.) Подмишка, мала вдлабнатинка под раката каде што таа се спојува со телото во рамениот зглоб. Детето го поддржуваа за пазувите за да чекори. Под пазувите го мачи шуга. Стави тетратка под пазува и истрча надвор. 4. (прен.) а) За земја, море, планина ‒ длабина, внатрешност. Од пазувите на земјата излегоа затрупани камења. б) Заштита, закрила. Растеше во мајкина пазува. ◊ Стави глава в пазува ‒ наведне глава; се засрами. Чува змија в пазува ‒ близок е со некого што враќа на доброто со зло. Поплукај си во пазувата ‒ се кажува на оној што се исплашил од нешто лошо, со верување дека тоа нема да му се случи.