пченица
Само во еднина.
Значење на пченица:
1. Житно растение со тенко стебленце и плод од зрна во клас; Triticum sativum. Бела пченица. Зимна пченица. Пролетна пченица.
2. Зрната на ова растение што се мелат во лебно брашно. Една вреќа пченица. Однесе пченица на воденица.
3. Обредно јадење приготвено од варена пченица. Жените раздаваа пченица за покојникот.
Изведени зборови:
- пченичка, и. ж. (само едн.) дем. и хип.
Фразеолошки израз / поговорка:
Туѓа пченица за задуша даваат ‒ се грижат, се занимаваат за работи што не ги засегаат. Со пченицата в уста ‒ на умирање е. Си ја зобнал пченицата ‒ на умирање е. Од што пукнала пченицата? ‒ од просото ‒ што се пофалило дека било повредно од неа (посл.) ‒ се вели за некој што се фали пред некој што е повреден од него.
Оригинални податоци:
пченица (само едн.) ж. Житно растение со тенко стебленце и плод од зрна во клас; Triticum sativum. Бела пченица. Зимна пченица. Пролетна пченица. 2. Зрната на ова растение што се мелат во лебно брашно. Една вреќа пченица. Однесе пченица на воденица. 3. Обредно јадење приготвено од варена пченица. Жените раздаваа пченица за покојникот. ◊ Туѓа пченица за задуша даваат ‒ се грижат, се занимаваат за работи што не ги засегаат. Со пченицата в уста ‒ на умирање е. Си ја зобнал пченицата ‒ на умирање е. Од што пукнала пченицата? ‒ од просото ‒ што се пофалило дека било повредно од неа (посл.) ‒ се вели за некој што се фали пред некој што е повреден од него. ‖ пченичка (само едн.) ж. дем. и хип.