пцовиса
Значење на пцовиса:
1. За животно ‒ умре. Пцовисало магарето. Сиротото куче пцовисало во ендекот. Сиот добиток ќе пцовиса.
2. (прен., грубо) За човек ‒ умре недостојно, како животно. Богатиот скржавец пцовисал. Пцовисала старата вештерка.
Коњугација: пцовисаат.
Изведени зборови:
- пцовисува, глаг. несв. пцовисуваат
- пцовисување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
пцовиса, пцовисаат св. За животно ‒ умре. Пцовисало магарето. Сиротото куче пцовисало во ендекот. Сиот добиток ќе пцовиса. 2. (прен., грубо) За човек ‒ умре недостојно, како животно. Богатиот скржавец пцовисал. Пцовисала старата вештерка. ‖ пцовисува, пцовисуваат несв. ‖ глаг. им. пцовисување ср.