печат

Именка, машки род

Значење на печат:

1. Предмет со изгравиран знак што прави отпечаток врз површина на хартија, восок и сл. со натискање; жиг, штембил. Црн печат. Црвен печат.

2. Отпечаток од таков предмет како официјален знак врз документ и др. како доказ, потврда за нешто. Писмо со печат. Ставија печат на вратата 3. (прен.) а) Трага, белег, лузна. Печат на раката. б) (само едн.) Обележје на нешто, одлука. Таа песна му дава силен печат на овој циклус. Печат на висока уметничка вредност. 4. Печатење, постапка на печатење. Влезе во печат.

3. Печатени изданија. Дневен печат. Ревијален печат. Стручен печат.

Множина: печати.

Фразеолошки израз / поговорка:

Црвен печат ‒ (истор.) печатени изданија со комунистичка идеолошка содржина. Жолт печат ‒ весници што со изборот на темите и излагањето на содржините се изделуваат по лошиот вкус. Излезе од печат ‒ се отпечати.

Оригинални податоци:

печат, мн. печати м. 1. Предмет со изгравиран знак што прави отпечаток врз површина на хартија, восок и сл. со натискање; жиг, штембил. Црн печат. Црвен печат. 2. Отпечаток од таков предмет како официјален знак врз документ и др. како доказ, потврда за нешто. Писмо со печат. Ставија печат на вратата 3. (прен.) а) Трага, белег, лузна. Печат на раката. б) (само едн.) Обележје на нешто, одлука. Таа песна му дава силен печат на овој циклус. Печат на висока уметничка вредност. 4. Печатење, постапка на печатење. Влезе во печат. 5. Печатени изданија. Дневен печат. Ревијален печат. Стручен печат. ◊ Црвен печат ‒ (истор.) печатени изданија со комунистичка идеолошка содржина. Жолт печат ‒ весници што со изборот на темите и излагањето на содржините се изделуваат по лошиот вкус. Излезе од печат ‒ се отпечати.