пече
Значење на пече:
1. (кул.) Готви (храна) со загревање (на жар, под вршник, во фурна, во рерна). Пече месо и компири. Пече пита под вршник. Пече леб во фурна.
2. Изложува нешто (предмети од глина и сл.) под висока температура заради добивање цврстина. Пече грнци.
3. (прен.) а) За сонце ‒ силно грее. Сончевите зраци печат. б) Изложува на сонце, грее на оган. Си го пече грбот.
4. Чувствува непријатна болка во вид на боцкање. Ме печат очите. Ме пече јазикот.
5. (разг.) Учи нешто, усовршува (занает, вештина и сл.). Го пече механичарскиот занает.
6. Предизвикува душевна болка. Ме пече срцево од жал.
Коњугација: пекле, пекоа , пеков , пекол , печат , печеа , печев , печејќи , печел , печен , печење , печете , печи .
Изведени зборови:
- печење, глаг. им. ср.
- се ~ пече, 1. Е изложен на печење. Месото се пече. 2. Се грее. Се пече на огнот. Се пече на сонце. 3. Зрее. Овошните плодови се печат.
Оригинални податоци:
пече, печат; печи, печете; печев, печеа; печел; печен; печејќи; печење; пеков, пекоа; пекол, пекле несв. 1. (кул.) Готви (храна) со загревање (на жар, под вршник, во фурна, во рерна). Пече месо и компири. Пече пита под вршник. Пече леб во фурна. 2. Изложува нешто (предмети од глина и сл.) под висока температура заради добивање цврстина. Пече грнци. 3. (прен.) а) За сонце ‒ силно грее. Сончевите зраци печат. б) Изложува на сонце, грее на оган. Си го пече грбот. 4. Чувствува непријатна болка во вид на боцкање. Ме печат очите. Ме пече јазикот. 5. (разг.) Учи нешто, усовршува (занает, вештина и сл.). Го пече механичарскиот занает. 6. Предизвикува душевна болка. Ме пече срцево од жал. ● се ~ 1. Е изложен на печење. Месото се пече. 2. Се грее. Се пече на огнот. Се пече на сонце. 3. Зрее. Овошните плодови се печат. ‖ глаг. им. печење ср.